Владимир Апостолов, од име на семејствата, рече дека за трагичната несреќа се виновни сите досегашни структури во државата.
„Сите да си дадете оставки“, рече Апостолов.
Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.
Од Јавното обвинителство, семејствата на настраданите се упатија кон Собранието каде во тек е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите.