сабота, 24 јануари 2026

Марш на ангелите во Кочани: Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка

Првиот протестен „Марш за ангелите“ во 2026 година започна со едноминутен молк во Паркот на револуцијата во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска им дадоа поддршка на тужените млади лица против кои е поведена постапка, откако против нив е поднесена приватна тужба за демолирањето на кафулето, кое го поседуваше сопственикот на „Пулс“. Овој настан се случи на 17 март, лани, во Трговскиот центар во Кочани, ден по трагичниот пожар, чиј епилог се 63 починати лица и над двесте повредени.

„Како е возможно, лице кое е осомничено во трагедијата со 63 жртви и е дел од истрага, или се споменува во јавноста како осомничено, слободно да отуѓува имот и без судска забрана, и без јасна контрола на потеклото на средствата. Ова е системско, легитимно прашање и не се однесува на лична критика, туку на еднаквост пред законот“, изјави пред Основниот суд во Кочани, Розета Блажева, сестра на починатиот Јорданчо Џамов.

Од тужените што го оштетија кафулето во Трговскиот центар во Кочани на 17 март немаше обраќање.

Родителите на починатите и денеска побараа одговорност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), бидејќи според нив, се развлекува постапката со осомничените полициски службеници поврзани со она што се случи на 16 март, лани.

„Веќе предлогот ОЈО за ГОКК ја влече постапката што започна на 12 јуни 2025 година. Месеци слушаме дека е во завршна фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка, ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана. Правдата што доцни, не е правда“, порача Верица Трифунова, мајка на починатата Моника Спасова.

Протестниот марш започна од Паркот на револуцијата во 14:05 часот, помина низ Трговскиот центар и Управата за јавни приходи, полициската станица и Основниот суд и Обвинителство. Марширањето заврши во Паркот на револуцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ