вторник, 9 декември 2025

Марш на ангелите по 17-ти пат: И покрај сè помалку присутни, родителите ќе маршираат за нивните ангели

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ од 16 март, и нивни поддржувачи вечерва во Кочани помина 17-от Марш за ангелите.

Објавено на

часот

Сподели

Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулето „Класик“ во Трговскиот центар, пред зградата на Општината, УЈП, полицијата и пред судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, упатувајќи заканувачка порака дека на оној што ќе ги отстрани, му посакуваат да го снајде иста судбина како нивната.

Родител на починато момче ја обвини кочанската полиција дека нивни службеници имаат најголема вина за смртта на нивните деца, затоа што кобната ноќ ја затвориле врата на дискотеката „Пулс“, па нивните деца гореле затоа што не можеле навреме да излезат.

Рекоа дека на правосудниот систем не му веруваат, посочувајќи ги странските дипломати и новинари, кои според нив, кога доаѓале кај нашите политичари, им укажувале дека судството не ни функционира и после 35 години самостојност.

Родителите најавија дека и понатаму ќе продолжат со марширањето за нивните ангели.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ