Марковски уште истакна дека мостот не е пуштен во употреба, не функционира затоа што властите се конфронтираат меѓусебно во врска со еден дел од мостот во должина од пет метри, кој треба да се доврши, но градот и општината ја префрлуваат надлежноста од еден на друг.
„Мојата визија за Скопје е град со значително поголема безбедност во сообраќајот, каде што ќе се мапираат сите критични точки и ќе се постави поголема сигнализација. Сепак, планираме и дестимулирање на возењето на автомобили. Јавниот транспорт и алтернативните превозни средства мора да станат наше секојдневие“, истакна Марковски.
Марковски ја започна својата прес – конференција во „5 до 12“, затоа што алармот за Скопје е вклучен. Тој ги повика сите граѓани на 19 октомври да гласаат за бројот 128 за градоначалник и 39 за листата советници во Град Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска, со цел да престанат лошите пракси и грубата партизација на градот и јавните претпријатија.
„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.






