По пречекот, како што информираат од кабинетот на претседателката, ќе следува тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Руте, ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.
Според официјалното соопштение за посетата на генералниот секретар на Скопје, најавено е дека тој исто така ќе ја посети и касарната „Илинден“.






