. Претседателството го осуди и го оцени како непримерен ваквиот настап, невообичаен во досегашните 58 години постоење на МАНУ, особено затоа што потекнува од поранешен претседател и сегашен член на претседателството, се вели во соопштението од МАНУ, што МИА го објавува интегрално.
„Претседателството со индигнација во целост ги отфрла изнесените наводи во написот како неаргументирани и невистинити и дава целосна поддршка на работата на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов. Академик Коцарев очигледно не ги почитува одлуките на претседателството донесени со мнозинство и бидејќи не успева да ги наложи своите погледи, ги изнесува во јавност без секаква логика и оправданост.
Акад. Љупчо Коцарев како член на претседателството на МАНУ секогаш имал и има можност во согласност со статутарните процедури да ги изнесува своите ставови во телата на Академијата доколку во нив редовно учествува и да ги брани во духот на аргументираниот дијалог и расправа, која прилега на институција како што е МАНУ – највисока научна и уметничка институција во државава“, се вели во реакцијата на претседателството на МАНУ.






