недела, 14 декември 2025

Маневски: Има излезни решенија за очајната состојба во Скопје

34 години се редат крадци кои народот го исушија од лажење. И едните и другите, ветуваа ред, здрава средина, чист град. Наместо тоа, и едните и другите донесоа, ѓубре, загаден воздух, и хаос. И додека секојдневно меѓусебно се обвинуваат, заедно перфектно си функционираат. Курто го јава Мурто, па Мурто го јава Курто. На кого ќе му го дадете вашиот изборен глас? На Курто или Мурто? Доста ни е од лагите, мамењето и крадењето. Доста е од едните и другите, изјави Сашо Маневски, кандидат за градоначалник на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Тие што ги креираа проблемите во Скопје не можат да решаваат проблеми. Тие што се дел од проблемот не може да бидат дел од решението. Време е за нови песни, нови весници. Време е за ново сонце на слободата! Знам дека смачено ви е од ветувања и розови приказни. И јас се прашувам дали некој верува во нив? Но сепак, во срцето мое гори желбата да се борам овде, за подобро утре за моите деца, вашите деца, и внуци. И да знаете дека има излез, дека носиме решенија за очајната состојба во Скопје. На поимите чесно, одговорно, одговорно и заедно ќе им го вратам стариот сјај и вистинското значење. Време е за ново сонце на слободата“, вели Сашо Маневски, кандидат за градоначалник на Скопје од организацијата Нов АСНОМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ