недела, 22 февруари 2026

Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа

Во времето на владеењето на Зоран Заев и СДСМ, државата функционирала како систем под контрола на еден човек, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција преку членот на Централниот комитет, Валентин Манасиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Според Манасиевски, во тој период институциите биле ставени во служба на политички интереси, а судиите и обвинителите не се избирале според закон и професионален интегритет, туку според послушност. Тој тврди дека оние што ги следеле насоките на тогашната власт останувале на функциите, додека непослушните биле разрешувани.

Од партијата велат дека судските случаи се воделе „по политичка мерка“ и дека наместо владеење на правото имало, како што наведуваат, политички пресметки и притисоци. Според нив, членови на ВМРО-ДПМНЕ биле изложени на политички прогон, а притисоците се проширувале и кон нивните семејства.

Како пример го посочуваат случајот со мерцедесот и поранешната министерка Гордана Јанкуловска. Во соопштението се наведува дека поранешен врховен судија јавно изјавил оти таа немала сторено кривично дело, како и дека бил разрешен откако одбил да постапи по, како што се тврди, политичка директива.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ветувањата за „вистина и правда“ резултирале со, како што наведуваат, селективност и зависно правосудство. Тие сметаат дека индициите за поврзаност меѓу тогашната власт и одредени одлуки во правосудниот систем не смеат да останат без институционален одговор.

Партијата повикува Јавното обвинителство да постапи и да ги испита сите наводи, потенцирајќи дека, како што велат, „вистината секогаш излегува на површина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ