„Башановиќ и Счекиќ се сместени во скопскиот хотел Парк, и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДС. Со ова, се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДС и честите српски фрази и споредби во нивната комуникација. Заев откако го договори Филипче да биде лидер на СДС, му договори и кој да лаже за него. Сега може да знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации. Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДС толку многу е опседнато со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев“, изјави Манасиевски.

Со овие соопштение, вели Манасиевски, се прави обид да се покрие криминалот и да се ја поткопува вистината и довербата на граѓаните.

„Не постои никаква бизнис мрежа, туку само манипулативен октопод на СДС ангажиран од Заев и Филипче. Единствена мрежа е таа на СДС и Филипче на Башановиќ и Счекиќ. Единствен октопод е манипулативниот октопод на СДС, со раце кои се протегаат преку странски ПР структури, медиуми и политички центри. Токму поради странските ПР агенции ангажирани од Заев и Филипче е опседнaтоста на СДС со српската СНС. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува јавноста да ја следи комуникацијата на СДС и ја повикува СДС јавно да одговори кој ги креира нивните пораки и комуникациски стратегии. Политичката транспарентност, отчетност и вистината се основата врз која треба да се гради довербата на граѓаните“, рече Манасиевски.






