Според наводите изнесени на прес-конференцијата, Катевеновски на судско рочиште истакнал дека нема да даде позитивно мислење во конкретниот случај и дека ќе биде потребна консултација со колегите за понатамошни чекори. Како што било посочено, изјавата била дадена зад затворени врати. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека само еден ден по таа изјава, Судски совет свикал итна седница на која Катевеновски бил разрешен од функцијата.
Партијата наведува дека сведоштвото на поранешниот судија упатува на политички притисоци од тогашната власт предводена од СДСМ и ДУИ, односно од тогашните лидери Зоран Заев и Али Ахмети.
Во реакцијата се оценува дека ваквите наводи повторно отвораат прашања за наводна политичка партизација на правосудството и влијание врз институциите. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека е потребна одговорност и дека, како што наведуваат, ваквите практики не смеат да продолжат.






