недела, 22 март 2026

Манасиевски: СДС да одговори дали Башановиќ бил посредник за промената на името на државата

СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа, праша денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на СДС, според јавно достапни информации бил човекот кој ги споил Зоран Заев и тогашниот премиер на Грција, Ципрас за Македонија да го промени уставното име.

Дали истиот овој човек кој денес преку СДС и Филипче плука по сите, бил одговорен за зделки во делот на енергетиката во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац ‘Зобек мининг гроуп’ добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата ‘Лигниторихиа Ахлада’ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била токму од Грција?

Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Денес продолжуваат да го водат СДС, и да го омаловажуваат, дискриминираат и навредуваат македонскиот народ.

Ова е уште еден доказ дека Филипче е само обичен чувар на фотелјата на Заев, и е користен од Башановиќ да го напаѓа Вучиќ.

И за крај, дали е вистина дека Башановиќ се враќа да соработува со СДС затоа што Заев му исплатил стари долгови? СДС е на потег да одговори“, рече на конференцијата за медиуми Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ денеска потсети дека СДС три дена не одговара дали зад соопштенијата во кои се шират лаги и невистини стои Милјан Шчекиќ и Зоран Башановиќ. „СДС три дена молчи, да одговори дали од скопски хотел овие двајца го тераат нивниот центар за лаги и манипулации, а тие само го говорат тоа што ќе им се напише. СДС треба да одговори дали по препорака на Заев, Филипче имал средба во Ниш за да го договори Шчекиќ? Вистината секогаш излегува на површина, колку и да сакаат СДС и Филипче да ја сокријат“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ