петок, 5 декември 2025

Манасиевски: Најиронично е СДСМ да зборуваат за борба против корупцијата, тие се главниот извор на криминалот

Убедливо најиронично е кога Венко Филипче зборува за борбата против криминалот. Тоа е исто како човек со сомнителни морални навики да го поставите да биде наставник за етика. Смешно, но СДС тоа го претставува како некоја сериозна работа. Дополнително кога СДС зборува за „антикорупциски тим“, листата сама се пишува: Зоран Заев, самопрогласен академик за криминал, измачкани игри и непотизам. Вице Заев, специјалист за перење пари, текстилни шеми и царински погодности. Од тимот на енергетската катедра, професорот Васко Ковачевски, човек кој треба да се врати од „студиите во странство“ за да објасни со што точно тој тргувал. За културните шеми, Бисера Костадиновска-Стојчевска, експерт за злоупотреби со активна пријава. За надворешна соработка, партнерот во криминал Артан Груби. Ваков тим, вакво „реформирање“ денес нуди СДС, изјави денеска на прес конференција, Валентин Манасиевски, членот на Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога Филипче зборува за чесност, а Заев е сè уште лидер во сенка на СДС, тоа е отворено потценување на граѓаните. СДС нема никаков кредибилитет  да говори за борбата против корупција. Главниот извор на криминал во државата се токму тие, нивните кадри, нивните мрежи, и системот на злоупотреби и делови од обвинителството кои ги штитат. Овој настап на СДС односно на Филипче е уште едно политичко харакири. Обид да се испере нешто што не се пере, ниту во топла ниту во ладна вода. Колку и да се сликаат во бело, црните страници што ги оставија никогаш нема да бидат чисти. Затоа, граѓаните не треба да бидат доведени до забуна. Кога СДС дели лекции за корупција, тоа е најдобар доказ дека тие се последните кои имаат право да го зборуваат ова“, изјави Манасиевски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес конференцијас информираше дека како дел од програмата „Нова сила“, партијата формирала нов антикорупциски тим, „со јасна цел системски да се разобличуваат коруптивните шеми и злоупотребите на актуелната власт“.

Филипче посочи дека тимот во кој ќе има и млади активисти и истражувачи на СДСМ, ќе работат на откривање и документирање на корупциските скандали.

„Што ќе работи овој антикорупциски тим? Токму тоа што го гледаме овие денови – ќе истражуваат скандали, ќе анализираат документи, ќе ги презентираат пред јавноста и ќе ги разоткриваат сите корупциски шеми на оваа криминална власт. Ќе поднесуваме и соодветни пријави до национални и меѓународни институции. Така како што почнавме, така ќе продолжиме да откриваме и понатаму“, рече Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ