„ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС. Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика – скратена работна недела. Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер. Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт“, рече Манасиевски.
Обраќајки му се на членството на СДСМ, Манасиевски рече дека на Македонија после уништувањето од страна на СДСМ, ѝ треба работа, труд и посветеност.
„И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев“, рече Манасиевски.






