„Власт која ги добила функциите со објавување туѓи прислушувани разговори кои им ги обезбедил нивни поранешен полициски функционер Зоран Верушевски, а никој не ги спречил таквите прислушувани разговори јавно да ги објавуваат и употребуваат за свои политички цели, јасно е дека таа и таква власт ќе проолжи со незаконско прислушување и следење.
Кога тогашниот јавен (државен) обвинител Марко Зврлевски објави соопштение со барање до медиумите, до СДСМ и ДУИ да не ги објавуваат разговорите, бидејќи е спротивно на закон, дел од јавноста, особено медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги кршеа законите и објавуваа телефонски рзговори и на новинари.
Оттука натаму, сите правила, сите етички норми и сите закони во врска со прислушувањето и следењето станаа прифатливи за СДСМ, за ДУИ, нивните медиуми и нивните симпатизери.
По сè изгледа дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло на СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели.
И кога СДСМ и ДУИ беа на власт пишувавме дека АНБ и другите полициски структури следат и прислушуваат.
Сигурни сме дека ова што АНБ првично го објави не е сè, бидејќи и ние знаеме, а и тие знаат дека во АНБ сè уште има структури на СДСМ и ДУИ кои учествувале во ова, дека пред промена на власта се вршени уништувања на документација и траги и докази во АНБ за кои веројатно јавноста допрва ќе биде известена.
Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако ова обвинителство и ова судство ни покаже обвиненија и пресуди за сторителите.
Да ги потсетиме во обвинителството и судот дека после повеќе од 5 години сè уште немаме извештаи и разрешница за прислушување на интерните телефони во обвинителството и разговори на обвинителите, како и прислушување на судии.
Материјали кои се користени за уцени на обвинители и судии да постапуваат за потреби на власта на СДСМ и ДУИ“, реагираат од МАН.






