Коварината, која настанува како нуспроизвод при процесот на производство на челик во погоните Челичарница и Валавница, сега е успешно трансформирана во секундарна суровина што ќе се користи при производството на челик од железна руда во високи печки. На овој начин, отпадниот материјал добива нова вредност, наместо да заврши како еколошки товар.
Извозот на индустрискиот отпад претставува значаен чекор во приближувањето на компанијата кон работа со нула отпад, и е во согласност со стратегијата за производство на зелен челик и минимизирање на еколошкиот отпечаток.
Oвој значаен проект, од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше позитивно оценет, како системски чекор кон почиста и поодржлива иднина.
Макстил ги презема сите потребни чекори за правилно третирање на останатите видови на отпад. За остварување на таа цел потребна е понатамошна поддршка од страна на Министерството за животна средина во поглед на разбирање на потребите за извоз и преработка и на останатите видови на отпад, како на пример троската и филтер прашината, кои исто како и коварината се третирани согласно принципите на концептот за циркуларна економија.
Макстил уште еднаш го потврдува својот статус на лидер во одговорно индустриско работење и покажува дека патот до еколошка одржливост е можен – кога отпадот станува ресурс, има значајна придобивка за сите граѓани, соопшти компанијата.