„Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар, а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други се веќе офајдени пензионери, а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го отстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Димитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продавачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.
Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински, а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевски носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го ‘дрмаше’ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри.
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања. Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските ‘црвени линии’ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме сѐ спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.
А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор“, се вели во реакцијата на ЗНАМ.






