„Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби. Би сакал да ја информирам јавноста и граѓаните дека целта на оваа
кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е движењето ЗНАМ – За
наша Македонија. За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на
неспособноста, криминалот и националното предавство. СДСМ нема кредибилитет да зборува за правда. Паниката го прави своето.
Еве ја вистината. Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство кое е наследство од моите предци со турска тапија. Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1.200 м2 земјиште и 4.800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12.000 м2 сопствен имот. Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски-Циц од СДСМ. Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат. Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1.200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от. Инвеститорот Лидл МК прави преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП-от на 23 февруари 2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1.200м2 на 26 јануари 2024 година. Врз база на тој преддоговор инвеститорот Лидл МК на 27 февруари 2024 година покренува Иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ. Советот на општина Куманово донесе одлука за усвојување на нацрт ДУП-от и постапката е во тек.
СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе фотељата. Денеска сакам да им порачам – колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата“, рече Димитриевски и повика ако се утврди каква било кривична одговорност надлежните да поднесат кривични
пријави против сите засегнати лица.