Во однос на соопштението испратено до јавноста од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ), Макпетрол смета дека ова тело со ваквото укажување до трговците излегува надвор од своите овластувања и професионалните стандарди.
Макпетрол уште еднаш нагласува дека ова не е вистинското решение за конкретната ситуација за што потврда се доби и преку зголемените цени кои денес ги објави РКЕ. Како што укажавме, огромна е веројатноста цените на суровата нафта и понатаму да растат. Тоа значи дека ако не се направат соодветни решенија штети ќе трпат и граѓаните и целата економија.
Според Макпетрол, најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и на малопродажните цени, како што е пракса во регионот и во Европа.






