петок, 13 март 2026

Макпетрол: Намалувањето на цената на горивата од страна на ОКТА не е доволна

Компанијата Макпетрол смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за очекување беше дека ќе се добијат повисоки дисконти во набавната цена.

Со оглед на состојбата, се очекува цените на суровата нафта и понатаму да растат, а тоа значи дека трговците и натаму ќе бидат принудени да работат со загуби.

Како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, Макпетрол  смета дека е – замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и малопродажните цени, како што е пракса во регионот“, се вели во реакцијата од Макпетрол на објавата од ОКТА дека од денеска до 31 март ја намалува набавната цена на горивата за 2 денари.

Од Макпетрол нагласуваат дека сè уште нема добиено официјално известување од добавувачот за намалувањето на цената.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ