Дополнително, „Макпетрол“ исплати средства по основ на учество во добивката за деловната 2024 година, односно, секој вработен доби износ што претставува 100 отсто од просечната плата на вработените во 2024 година.
Освен со исплата на средства по неколку основи надвор од редовните примања, „Макпетрол“ инвестира и во обезбедување можности за развој и напредок на своите вработени. Компанијата создава услови за сите вработени да се стекнат со дополнителни знаења и на тој начин постојано да го подобруваат високиот степен на професионалност. Потврда дека ова е вистинската стратегија се илјадниците потрошувачи кои секојдневно ги користат бензинските станици на компанијата. Влогот и вербата во вработените и во иднина ќе биде еден од најзначајните приоритети на „Макпетрол“.






