вторник, 13 јануари 2026

Македонските граѓани да го напуштат Иран и да се одложат сите патувања во таа земја, повикува МНРиНТ

Поради влошената безбедносна состојба во Исламската Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија апелира до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат земјата при првите можни и безбедни услови.

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања во Иран, кои не се неопходни.

Како што информираат од министеството, веќе се ставени на располагање неговите капацитети за асистенција на државјаните на Република Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected] , како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ