понеделник, 9 јуни 2025
Статистика

Македонските градежници сѐ помалку имаат работа во странство

Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 58.285 илјади денари, за 65,2 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Вредноста на извршените градежни работи изнесува 23.320 илјади денари, за 55,8  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Македонската градежна оператива во првиот квартал договорила работа во Германија, Чешка, Албанија и Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ