сабота, 28 февруари 2026

Македонските државјани во Катар, ОАЕ, Кувајт и Бахреин да ги следат упатствата на земјите домаќини, предупреди МНР

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги информира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар, Обединетите Арапски Емирати, Државата Кувајт и Кралството Бахреин внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи (МНР). Претходно денеска, Министерството апелираше, македонските државјани во Израел да побараат помош ако им е потребна.

Објавено на

часот

Сподели

МНР ги потсетува македонските државјани дека во случај на потреба од помош или дополнителни информации можат да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха (надлежна и за Кувајт) – телефон +974 50 173 111 – е-пошта: [email protected], Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби (надлежна и за Кралството Бахреин) – телефон +971 56 441 7532 – е-пошта: [email protected] или до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија – телефон –  +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта – [email protected].

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија континуирано ја следи состојбата и ќе продолжи навремено да ја информира јавноста за сите релевантни информации“, се наведува во соопштението на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ