понеделник, 9 март 2026

Македонските државјани во Бахреин в среда со специјален лет се очекува да се вратат во земјава

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) вечерва ги информираше македонските државјани во Бахреин дека в среда ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Информираме дека во среда, на 11 март во 6 часот наутро, ќе поаѓа автобус на Flynas од Bahrein (Manama) za Riyadh – King Khaled International Airport од каде со специјален лет организиран од Владата на Македонија ќе се вратите во нашата земја.
Локација на поаѓање од Manama/ Bahrein – the gathering point – location for departure of buss“, пишува во известувањето на Амбасадата на фејсбук.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно денеска информира дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен механизам преку Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва.

„Од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза на Блискиот Исток, Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија воспоставија постојан кризен механизам. Преку формирање на кризен штаб и дипломатско-конзуларните представништва, бевме во 24-часовна комуникација со македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја, со јасна цел – нивна безбедна, навремена и организирана евакуација“, рече Муцунски.

Тој додаде дека во изминатите 12 месеци ова е трета комплексна операција од ваков обем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ