четврток, 5 март 2026

Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион

Во попладневните часови со владиниот авион се очекува од Израел кон Скопје да полетаат македонските граѓани кои побарале евакуација. Со тоа, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), целосно ќе заврши евакуацијата на македонските државјани од Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во Бахреин и 141 лице во Доха.

„Во следните денови се очекува да започне реализацијата на враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт, за кои е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија. Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции“, информира ресорното Министерство.

Оттаму ги викаат сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од асистенција, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви во дипломатско-конзуларните претставништва или преку СОС-бројот на МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ