четврток, 2 април 2026

Македонски железници немаат за плати, ама продаваат земјиште по едно евро квадрат

Седум години трае случајот во кој семејство од Гостивар бара правда за неправедно урнат објект и одземено земјиште за изградба на зграда. За овој заплеткан случај во кој се вмешани соседите на ова семејство, Општина Гостивар, МЖ инфраструктура, Јавното обвинителство и Министерството за транспорт и врски, првото судско рочиште во Основниот суд во Гостивар конечно е закажано за 29 март. А сè почна во април 2018 година.

Објавено на

часот

Сподели

На 26 декември 2003 година семејството на долгогодишен вработен во железницата добива право да закупи руиниран објект од 47 метри квадратни и 466 метри квадратни земјиште покрај пругата во Гостивар. Со години уредно ја плаќале закупнината од околу 200 евра месечно, го реновирале објектот во кој отворија и канцеларија за сметководствени услуги… На земјиштето на МЖ на улицата Мара Угринова живееја и други луѓе, кои успеаја да го купат за по едно евро квадрат по решението за приватизација на земјиште од 12 мај 2017 година. Брзо потоа се појавува инвеститорот Еуро проект со план за изградба на зграда. За инвеститорот остана проблематично тоа парче од околу 500 метри квадратни (од катастарската парцела 3869) кое беше под закуп кај МЖ. Но, тоа воопшто не ги спречи да го урнат објектот од 47 метри квадратни и да ја почнат операцијата изградба на огромна станбена зграда.

Урнатиот објект пред и по реновирањето

Семејството за ова дознава неколку дена подоцна, а закупнината продолжува да си ја плаќа уште неколку месеци надевајќи се дека сепак правдата ќе биде задоволена.

Тука почнува една мачна долгогодишна преписка на семејството со Јавното обвинителство, со Државниот правобранител, со Владата, со МЖ инфраструктура… Во тие писма, известувања и препораки, од тој неразбирлив бирократски јазик може само да се разбере дека е направена неправда, дека некој треба да ја надомести штетата, но некој за тоа треба и да пресуди. Предметот седум години беше во фиоката на обвинителката Душица Димитриеска, која сега е унапредена во вишото ЈО во Скопје.

Денес надлежен обвинител за овој предмет е Арсим Адеми, кој за 29 март за првпат закажа и судско рочиште.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ