вторник, 15 јули 2025

Македонски концепт: Законот за правична застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост

Македонски концепт е против донесување на Закон за правична застапеност затоа што партијата, како што се наведува во денешното соопштение, е за еднакви права на граѓаните, без разлика на која етничка заедница припаѓаат.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема поента, еден инструмент на апархејдот да менуваме со друг! Новиот закон повторно ќе создаде нееднаквост. Системот на апартхејд е одамна надминат секаде во светот. Време е да заврши и во Македонија! Граѓанска држава и мерит систем, се патокази кои водат кон ЕУ, а не практики од 19ти век Правичната застапеност не е решение, туку нова форма на нееднаквост. Меритократијата е патот кон вистинска праведност. Квотите создаваат само илузии. Граѓанска држава се гради на индивидуалните успеси, а не на колективитети. Кога способностите се заменуваат со квоти, правдата се изопачува“, велат од партијата.

Оттаму велат дека Македонсми концепт е за еднаквост во можностите, а не во резултатите.

„Затоа мерит системот е нашиот водич. Системот на вредности треба да се базира на труд и посветеност, а не на етнички предзнаци. Ние сме сите граѓани на Републиката и нека успехот биде наш единствен критериум. Пропадната пракса на 19. век не гради иднина за 22. век. Да застанеме сите заедно против сите видови на дискриминација, и позитивна и негативна! Само рамноправност на граѓаните! Тоа се вредностите на граѓанскиот Устав, кој е решение за сите овие прашања“, сметаат од Македонски концепт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ