„Прв чекор е донесување на резолуција во македонското Собрание, со која Македонија ќе покаже дека го следи овој европски пример на Полска и Чешка. Следен чекор е донесување на закон со кој ќе се потполни правната празнина која дозволуваше глорификација на тоталитарен режим кој вршеше систематски репресии, ликвидации без судски пресуди и прогон на македонските патриоти. Додека Европа ги чисти своите општества од остатоците на тоталитаризмот, кај нас сè уште сведочиме на обиди за рехабилитација на крвавото минато и негова злоупотреба во политички цели.
Нашите клучни барања се:
Криминализација на комунистичките симболи и забрана за нивна јавната употреба, како и говори и собири кои поттикнуваат омраза или сузбивање на основните човекови права мора да се третираат исто како и нацистичката идеологија;
Забрана за финансирање тоталитаризам. Секое движење или политички субјект кој експлицитно промовира идеи кои водат кон тоталитарно владеење и укинување на демократските слободи, мора да биде предмет на строги санкции и судско гонење;
Историска правда преку официјално признавање на криминалите извршени од комунистичкиот режим во Македонија како основа за институционална заштита на идните генерации и потекло и конфискација на економските и политички привилегии на т.н. црвени барони, кои се стекнати преку владеење на режим и се непречено задржани.
Наводите на левичарските структури, дека ова е напад врз демократијата се само страв од соочување со вистината. Вистинската демократија се заштитува со јасно разграничување помеѓу политичкиот дијалог и глорификацијата на режимите кои убиваа сопствени граѓани.
Македонија не може да биде полноправна и здрава европска демократија сè додека не ги исчистиме темелите од идеологиите кои ја гушеа слободната мисла.
Време е за нов модел на македонската државност, преку чекорење свесно на десно. Време е за Македонија на слободни луѓе. Време е за европска Македонија ослободена од стегите на тоталитаризмот“, соопшти Македонски концепт.






