Како што соопшти денеска претседателскиот Кабинет, професорите ја информирале претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.
„Тие, преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него“, соопшти претседателката која ја поздрави и ја охрабри македонско-американската научна археолошка активност, оквалификувајќи го нашето археолошко наследство како национална и цивилизациска културна вредност.
Таа ја истакнала вербата дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва.
Претседателката изразила подршка за проектот на двата универзитета, поздравувајќи ја размената на студенти, од една страна, но и важноста на археолошките пронајдоци за развојот на културниот туризам, од друга.
„Воодушевени од македонското културно наследство, американските професори изјавија дека се изненадени од археолошката разновидност, од една страна, но и од староста и слоевитоста на историјата, од друга, што е голем научен и човечки предизвик за сите нив!“, информираат од Кабинетот на претседателката.