петок, 6 февруари 2026

Македонската полиција заплени 27 тони марихуана (ВИДЕО)

Во вчерашната голема полициска акција во Скопје и во Струмица запленети се 27 тони марихуана, потврдија официјални извори за МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата на МВР е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија прошверцувани од Македонија. Полицијата синоќа заплени околу 27 тони марихуана. Ова е досега најголемата конфискација на дрога во Македонија.

Во кругот на фабриката Охис, синоќа беа претреени магацините на компанијата за производство на медицински канаби „Алфафарм ДОО Скопје“, регистрирана во 2023 година. Според податоците од Централниот регистар, компанијата е основана со оновачки капитал од 529 илјади евра и има повеќе ко-сопственици. Измени во сопственичката структура биле извршени само неколку дена пред да бидат фатени шверцуваните пет тони во Србија.

Во Србија осомничени се пет лица, од кои две се сè уште недостапни за органите на прогонот, а се гонат за неовластено производство и ставање во промет на наркотични дроги. Бројот на осомничени и кривичните дела за кои постојат сомневања во Македонија ќе бидат соопштени по завршувањето на целосната истражна постапка.

Во текот на денот се очекуваат и други официјални информации од МВР и од Обвинителството за организиран криминал.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ изјави дека очекува МВР да излезе со официјални информации за запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ