понеделник, 8 декември 2025

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани.

Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција. Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми“, се наведува во објавата за тендерот.
Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки на следниот линк и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании.

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/a61cf1a0-5c40-4c78-b556-6d09a87ae0fa/1

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ