четврток, 1 јануари 2026

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за сите засегнати во пожарот во Кран-Монтана

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана.

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата +41 79 923 79 57“, пишува во објавата на Амбасадата на фејсбук.

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица. Медиумите наведуваат дека повеќето од гостите биле на возраст од 15 до 20 години. Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ