сабота, 4 април 2026

Македонска делегација го посети водечки центар за едукација на млади во Ерменија

Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ереван, Ерменија, водечки центар за едукација на млади во дигитални и креативни области.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за образование и наука, ТУМО нуди иновативен образовен модел, бесплатен пристап за млади од 12 до 18 години до знаења и вештини во програмирање, анимација, развој на игри, веб-дизајн и други современи области, преку комбинација на самостојно учење, практична работа и менторство од експерти.

„Посетата овозможи директен увид во современи образовни методологии, воспоставување јавно-приватни партнерства и начини на мерење на влијанието врз развојот на младите. Овие искуства се од особено значење за унапредување на институционалните капацитети и подобра координација во развојот на слични иницијативи и кај нас“, се наведува во објавата на МОН.

Надвор од Ерменија, ТУМО има центри во повеќе европски, азиски и во јужноамерикански градови. При посетата се дискутирало и за можноста за основање ваков центар и во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ