сабота, 20 декември 2025

Македонија учествува во воена вежба во Грција

Припадници на специјалните сили на Македонија, заедно со специјалните сили од уште седум земји и домаќинот Грција, учествуваат во воената вежба на островот Евија, а вежбата на отворениот ден ја набљудувале министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас и началникот на Генералштабот на грчката одбрана Димитрис Хупис.

Објавено на

часот

Сподели

Вежбата на специјалните сили – силите за специјални операции „TROJAN FOOTPRINT (TFP) – 24“,во рамките на НАТО вежбата „STEADFAST DEFENDER – 24“ започна на 28 февруари и ќе трае до 15 март, учествуваат специјални сили и средства на Командата за специјални војни на грчката армија, како и припадници и средства од Албанија, Бугарија, Франција, Македонија, Велика Британија, САД, Италија и Црна Гора.

„Вечерва имавме можност да го видиме исклучителното ниво на професионализам на нашите специјални сили, жени и мажи, но и на специјалните сили од земјите пријатели кои се овде во Грција и се обучуваат со нас, за соработката која е заемно корисна, која има за цел да обезбеди безбедност, стабилност и просперитет на нашите држави и народи, во овој сложен, опасен и брзо менувачки свет“, истакна Дендиас.

За време на вежбата, како што информираа од Генералштабот на грчката одбрана, учесниците имаат можност да вежбаат во сложени оперативни сценарија, кои придонесуваат за зголемување на борбената способност, како и за подобрување на интероперабилноста на специјалните сили – силите за специјални операции.

МИА – Фото: Министерство за одбрана на Грција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ