Главна цел на заемот кај ЕБОР е да се купат повеќе локомотиви, а со тоа да се зголеми можноста за транспорт на стоки и генерирање приходи на Железници, Транспорт – Скопје. Предвидено е да се купат најмногу пет електрични локомотиви. Исто така, набавката треба да ги вклучува сите потребни специјални алатки, резервни делови за да се овозможи воспоставување режим на одржување за размена на компонентите на возилата.
Дополнително, проектот вклучува и набавка на систем за планирање на ресурси на претпријатието што ќе овозможи подобрување на оперативната ефикасност на Железници, Транспорт – Скопје. Проектот ќе го имплементира Министерството за транспорт.






