недела, 14 декември 2025

Македонија побара помош за гаснење на пожарите и од Србија, потврди Дачиќ

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Македонија телефонски побрала помош од Србија за справување со пожарите.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Сè уште не сме го добиле официјално, но разговаравме на телефон. Побараа да им помогнеме да го изгаснат пожарот. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за помош во двете држави истовремено, во хуманата акција за гасење пожари, рече Дачиќ, пренесе дописникот на МИА од Белград.

Дачиќ нагласи дека Србија ќе испрати хеликоптери за гаснење на пожарот и додаде дека не сака тоа да биде оценето како испраќање хеликоптери заради остварување на воена доминација.

Македонската Влада вчера прогласи 30 дневна кризна состојба поради големиот број пожари. Најголеми пожари има во околината на Неготино и на планината Серта.

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 17 пожари, а девет се сѐ уште активни и од утрово се гаснат со авиони и хеликоптери.

Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека земјата наскоро ќе добие помош во борбата против пожарите од Србија, Словенија, Црна Гора и Турција.

„Се бориме со пожари предизвикан од топлотен бран. Во интензивна комуникација сме со неколку пријателски земји од кои очекуваме помош за гаснење на пожарите во рамките на нивните можности“, објави Мицкоски на фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ