Државата нема стратегија за поларните температури
Ова денеска го истакна Никола Тодоров, министерот за здравство, по работната средба на комисијата за климатски промени.
„Македонија нема систем или акциски план за справување со екстремно ниски температури. Затоа заклучивме дека тој треба да биде подготвен во наредниот период“, рече Тодоров.
Тој истакна дека ниските температури измерени во изминатите денови биле вообичаени за овој период.
Министерот Тодоров очекува акциониот план да биде готов и да почне да се применува од следната зима.
Според него, ниту една земја во регионот немала ваков план за справување со екстремно ниски температури.