Покрај снимките од актуелната состојба на објектот, се наведува и дека тој процес на запуштеност се одвива веќе 15 години, па дури и градската управа на Канбера реагирала за небезбедноста на објектот.

Редакцијата на Мкд.мк упати прашања до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија дали имаат сознанија за состојбата на објектот добиен со сукцесијата на Југославија, односно да потврдат дали ѝ припаѓа на Македонија. Исто така, побаравме одговори дали постојат планови во МНР за преземање на објектот.

„Објектот во Канбера, лоциран во населбата Ред Хил, е во сопственост на Република Северна Македонија, стекнат преку сукцесија по распадот на СФРЈ. Поради урбанистички ограничувања од страна на австралиските власти, во оваа зона не е дозволено отворање дипломатски претставништва, поради што објектот подолг период не се користи.
@raincloud_explore 📍Former Yugoslavia embassy, Canberra with @Chelsea Johnstone #urbex #urbexworld #urbexcanberra #canberra #lostplaces #yugoslavia #history #abandoned #CapCut ♬ Let Go – Ark Patrol
Министерството во моментов спроведува сеопфатна анализа на дипломатско-конзуларните претставништва и објектите во сопственост на државата. Во таа насока, се очекува проблемот со конкретниот објект да биде надминат во текот на наредната година. Во меѓувреме, поради зачестени неовластени влегувања, се преземаат мерки за негово обезбедување, вклучително и поставување заштитни решетки од безбедносни причини“, одговорија од македонското МНР.

Република Македонија во Австралија има дипоматски претставништва во 4 града: амбасада во Канбера и генерални конзулати во Мелбурн, Перт и Сиднеј.
@cbrurbex Former Yugoslav Embassy. 📍RedHill, Canberra. #CBR #Canberra #Urbex #CBRUrbex #canberraurbex ♬ Insomniac – Memo Boy
Ј.П.






