понеделник, 8 декември 2025

Македонија и шест други земји во ОН гласаа против Резолуцијата за укинување на американските санкции кон Куба

Македонија беше меѓу седумтте држави кои во ОН гласаа против Резолуцијата со која се повикува на крај на американските санкции кон Куба, кои се во сила цели 63 години. За оваа Резолуција гласаа 165 земји, воздржани беа 12, а против беа Аргентина, Унгарија, Македонија, Парагвај, Украина, Израел и САД.

Објавено на

часот

Сподели

Во Резолуцијата се бара крај на американските санкции кон Куба, кои се во сила цели 63 години. Два дена траеше расправата во Генералното собрание за потребата да се укинат најдолгите санкции од САД кон некоја земја, воведени уште во 1962 година како одговор на кубанската ракетна криза.

Оваа резулуција се става на дневен ред на Генералното собрание на ОН речиси секоја година (33-ти пат), но против неа редовно гласаат САД и Израел. Оваа година воздржани беа Албанија, Босна и Херцеговина, Костарика, Чешка, Еквадор, Естониа, Латвија, Летонија, Мароко, Полска, Молдавија и Романија.

Македонија редовно е против или воздржана кога се гласа за резолуции во ОН кои се против интересите на САД или нивните најблиски сојузници, како Израел. Така беше и за време на гласањето во јуни годинава кога Македонија беше воздржана за резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас и неограничен пристап за испорака на итно потребна храна за два милиони Палестинци кои поради израелската агресија живеат во ужасни услови. За оваа резолуција гласаа 149 земји членки на ОН, 12 беа против и 19 воздржани.

Во ОН по оставката на Љубомир Фрчкоски, имаме само привремен претставник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ