На почетокот од Првата светска војна, на 25 август 1914 година, во напис на првите страници на австралискиот весник „Калгурли вестерн аргус“ (Kalgoorlie Western Argus), објавен е извештај за движената на Балканот, со посебен осврт на македонското прашање. Од денешен аспект на оспорување на посебноста на македонскиот национален идентитет ни историјата, од страна на земји – членки на ЕУ, соседи на Македонија (Бугарија и Грција), и обиди за наметнување на шовинистички наратив за „измислена нација од Коминтерната, Сталин и Тито“, новинскиот извештај во Австралија од 1914 година (кога ниту Коминтерната, ниту Сталин, а ниту Тито историски не се факторизирани ) во кои Македонците се наведуваат како посебен национален ентитет на Балканот ги декласира „аргументите“ на денешните „европејци“ од Бугарија и Грција.

„Автономијата е посакувана од самата словенска нација: Бугарите, Србите и Македонците ( до неодамна под турско владеење), Босанците, Хрватите, Словенците , Чехословаците, Полјаците и Рутанците, (сега под австриска власт). Вкупно околу 45 милиони Словени (без Русите) имаат своја сопствена националност, нивни сопствени јазици, литература, историја и посебност , и за да ја задржат таа независност или да ја освојат – тие ќе се борат до крај.
Овие нации, една или сите, жестоко се спротивставуваат на останување или на потпаѓање под германска или руска власт.
Терминот ‘панславизам’, кој вообичаено се употребува е заблуда. Би требало да се чита како ‘панрусизам’, кој има за цел целосна апсорпција и покорување на овие словенски нации. Тоа е програма за наметнување на руските обичаи, рускиот јазик и рускиот карактер.
Дилемата што треба да се реши при решавањето на македонското прашање е дали овие неруски словенски нации ќе станат руски или германски поданици, или отсега ќе си припаѓаат себеси и ќе станат сила со која може да се смета“, се вели во извештајот на австралискиот весник за позициите во Европа, на почетокот на Првата светска војна.
Уште порано, на 26 септември 1903 година градоначалникот на Кардиф во Велс, Велика Британија, Едвард Томас свикува итен состанок за поддршка на Македонија поради Илинденското востание против Отоманската империја. Тој ги користи термините „меѓу турската и македонската нација“. Градоначалникот на Кардиф ниту еднаш не го користи терминот „бугарска нација“ во објавата на петтата страница во весникот „Вестен меил“.

„Состанок во Кардиф
Градоначалникот на Кардиф (Алдерман Е. Томас, „Кохфарт“) договори јавна средба што ќе се одржи во Градското собрание во петок, за да се разгледа прашањето за масакрите во Македонија. Тој упати циркуларно писмо до свештенството во градот, во кое се вели: ‘Во други делови од земјата се преземаат сериозни мерки во врска со тешката состојба меѓу турската и македонската нација и смета дека Кардиф треба да биде прв во своите напори за ублажување на страдалното човештво во Македонија. За таа цел, ќе бидам исклучително благодарен ако дадете што е можно поголем публицитет на ова прашање’ “, е наведено во објавата на Вестен меил од Кардиф, на 26 септември 1903 година.
Уште еден документ од австралиските архиви дава потврда на она што Бугарија сака да го избрише од својата историја, набедувајќи ја денес Македонија за говор на омраза, кога во спомениците им оддава почит на своите борци и жртви од „бугарскиот фашистички окупатор“. Телеграмата на австралискиот премиер во 1942 година за објава на војна на Кралството Бугарија е уште еден доказ дека дури и Македонија да направи „историска амнезија“ на бугарската фашистичка окупација, во светските архиви остануваат доказите за улогата на Бугарија во Втората светска војна на страната на силите на фашизмот.

„Нацрт-телеграма до Високиот комесар во Лондон
Ве молам побарајте од швајцарските власти да ја информираат бугарската влада дека Владата на Неговото Височество во Комонвелтот на Австралија објави постоење на состојба на војна со Кралството Бугарија од 3 часот попладне, на 6 јануари според источноавстралиското станддардно време
Потврдено на 16.1.42“, се наведува во телеграмата со објава на војна на Кралството Бугарија од страна на гувернерот (премиерот) на Австралија на 16 јануари 1942 година.
Ј.П.






