среда, 11 февруари 2026

Македонија и Албанија ѝ се потребни на ЕУ, сметаат Џафери и Рама

Премиерите на Македонија и Албанија, Арбен Џафери и Еди Рама денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција разговарале за билатералните односи и за евроинтеграциските процеси на двете држави.

Објавено на

часот

Сподели

„На состанокот се нагласи дека двете држави, со европските политики ѝ се потребни на Европа и заслужија да станат полноправни членки на Унијата до 2030 година и дека преговарачкиот процес ќе овозможи ефективни реформски процеси и унапредување на животниот стандард според европскиот, што е очекување на граѓаните. Во таа насока се оцени дека најсериозната политичка потврда од ЕУ за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан, е Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија. И, се истакна определбата за унапредување на капацитетите на економиите, со цел забрзан регионален економски раст и развој, согласно европските стандарди“, се вели во соопштението од владиниот прес – центар.

На средбата, како што стои во соопштението, биле истакнати одличните билатерални односи и големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Албанија, што е пример за добрососедство во регионот, а со тоа и придонес во стабилноста на Западен Балкан и во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ