Македонија добива нова можност за практично и достапно запознавање со вештачката интелигенција, откако платформата AIatWork од денес овозможи 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата едукативна и практична AI платформа.
Од Берјнстер велат дека со бесплатниот пробен период, корисниците можат директно да работат со водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, да користат над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и да посетуваат онлајн курсеви во живо. Обуките ги водат AI практичари со искуство во глобални технолошки компании како Google, Microsoft, IBM и други.
„Во Македонија, вештачката интелигенција сè уште често се перцепира како нешто сложено и резервирано за ИТ професионалци, а во пракса се сведува на користење на една единствена алатка. Истовремено, голем дел од граѓаните и професионалците имаат интерес да научат да користат AI, но немаат јасна насока кои алатки се навистина релевантни и како тие можат да помогнат во секојдневната работа. AIatWork се позиционира токму како одговор на овој предизвик, нудејќи структуриран и практичен пристап кон користењето на вештачката интелигенција. Во видео кое е дел од најавата, тимот на платформата објаснува дека изминатите месеци биле посветени на подобрување на корисничкото искуство и поддршката, со цел секој нов корисник уште од првиот момент да знае од каде да започне и како да ги совлада AI вештините на иднината“, велат од Брејнстер.
Само во текот на овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, реализирани во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
„Во време кога вештачката интелигенција станува составен дел од работните процеси ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот 14-дневен пристап им овозможува на корисниците без ризик да проверат како AI може реално да им помогне во секојдневната работа. Прашањето повеќе не е дали вештачката интелигенција ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидеме подготвени кога тоа ќе се случи“, велат од Брејнстер.






