четврток, 1 јануари 2026

Македонец исчезнал во пожарот во Швајцарија, семејството бара помош

Македонец исчезнал во пожарот што синоќа, на новогодишната ноќ, избувна во кафе-барот „Ле Констеласион“ во познатиот монденски зимски туристички центар Кран-Монтана во Швајцарија. Информацијата се прошири веднаш откако семејството и пријателите на младиот Стивен Ивановски упатија апел до јавноста за помош. Швајцарската Амбасада во Македонија на својот официјален фејсбук профил објави телефон за помош на роднини на настраданите во пожарот – 0848 112 117.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите).

Постои можност при себе да ги има и специфичните очила за сонце што ги носи на сликите.

Семејството моли сите што можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за него, како и оние што знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви, 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 5745.

„Исчезнат е во пожарот во Швајцарија братучед ми Стивен Ивановски. Ако некој го видел, нека контактира на броевите“, напиша извесна Е. Христовска на својот фејсбук-профил.

Семејството и пријателите се надеваат дека со помош на јавноста ќе добијат каква било информација што би помогнала во пронаоѓањето на Стивен Ивановски.

Повеќе лица загинаа, а има и повредени, по експлозија и пожар во бар за време на новогодишна забава во елитното скијачко одморалиште Кран-Монтана, во југозападна Швајцарија, соопшти денес швајцарската полиција. Во моментот на експлозијата, во барот имало повеќе од 100 луѓе, изјави портпаролот на полицијата.

Швајцарската Амбасада во Македонија на својот официјален фејсбук профил објави телефон за помош на роднини на настраданите во пожарот.
„На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици лица, а над стотина повредени, од кои многумина сериозно. Додека жалиме за трагично загубените животи и оддаваме почит на напорите на првите одговори, нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, пишува на профилот на швајцарската Амбасада во Македонија.
Поставена е линија за помош за роднините – 0848 112 117.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ