сабота, 12 јули 2025
Амбасада на Македонија во Израел

Македонците во Израел да се спасат со брод, невозможна е евакуација на странски државјани преку Тел Авив

Поради затворање на воздушниот простор и аеродромот во Израел, македонските државјани кои се наоѓаат таму засега не можат да бидат евакуирани преку Тел Авив, соопшти денеска македонската амбасада во Израел.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Амбасадата на Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот“, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук.

Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата “Mano Shipping”). Следниот брод со слободни места “Crown Iris” планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата. Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, молиме да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист, информираат од Амбасадата.

Во објавата се посочува и информација од Министерството за туризам на Израел во врска со патувањето со брод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ