Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“ што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води, а најсреќен беше Данко Марко. Тој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.
На своите сограѓани во Општина Пустец, празникот им го честиташе градоначалникот Пали Колефски.
„Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Данко, кого од Општината соодветно ќе го наградиме“, рече за МИА Колефски.
Меѓу Македонците во Мала Преспа, според вековниот обичај оној што ќе го фати крстот, во придружба на други момчиња, ги посетуваат сите домови, каде домаќините ги даруваат со пари. Откако крстот ќе ги посети сите куќи во секое село се враќа во селската црква, каде останува до следната година.






