четврток, 29 јануари 2026

Македонците од Албанија поднесоа тужба против Рама по одлуката за отворање центри за мигранти во Пустец

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија, поради одлуката за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население.

МАЕИ оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ