петок, 30 мај 2025

Македонците од Албанија одбележаа јубилеј 80 години македонски јазик

Во просториите на Културно информативниот центар во Тирана, денеска се одбележа јубилејот  80. години од кодификацијата на македонскиот јазик.

Објавено на

часот

Сподели

„Настанот беше организиран во заедничка соработка на Амбасадата, КИЦ и Лекторатот по македонски јазик. Настанот вклучи поетско читање на студентите по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана, кои прочитаа песни од професорката Славица Свидерска, како и изложба на дизајнерски накит на Сташа Божиновска, инспирирана од македонскиот јазик, насловена како ‘Дума – Чувари на зборовите на македонски јазик'”, објави македонската Амбасада.

Во објавата се додава дека одбележувањето на овој значаен историски момент, кога македонскиот јазик беше кодифициран како стандарден јазик е темелот на македонската култура, историја и самобитност.

„Во мај 1945 година, македонскиот јазик стана официјален, стандардизиран и рамноправен, а нашата азбука и правопис добија трајна форма. Благодарение на визијата и трудот на генерации лингвисти, поети и просветители, македонскиот јазик е наш жив културен код и идентитет“, се нагласува во објавата.

Воедно, се изразува благодарност до студентите од Лекторатот по македонски јазик на Факултетот по странски јазици во Тирана и честитки за нивниот успех во совладувањето на македонскиот јазик, како и до Сташа Божиновска, за прифаќањето на поканата да го збогати денешниот настан со својата изложба на дизајнерски накит. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ