Тој додаде дека со тоа државата повторно се зацврстува во регионот како дестинација за странски инвестиции, дестинација којашто ќе генерира и апсорбира најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот и таа цел лани била реализирана,а целта е слична и за годинава.
На новинарско прашање за зголемување на платите на здравствените работници, претседателот на Владата рече дека за март платите ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат зголемени за 40-50 отсто.
„Буџетот во здравството, во Фондот за здравстено осигурување (ФЗО), е историски највисок-53 милијарди денари, споредено со оние кои 35 кои беа во времето на короната е за 18 милјарди повеќе. Се враќаат долгови коишто ги генерираше претходната Влада, така што генерално инвестициите во здравството за нас се многу важни. Но, исто така сакам да потврдам дека од 1 април ќе започне и исплатата на линеарно зголемените пензии за нови 2.500 денари со што со оние првични зголемувања и ова сега доаѓаме до оние 5.000 денари линеарно зголемување кое го ветивме во првата година. Еве, за помалку од една година, за девет месеци го реализираме. Сето она што го ветивме го испорачуваме кај граѓаните и продолжуваме да работиме за интересот на граѓаните“, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање.