Сообраќајот на државните патишта, додаваат, се одвивал непречено, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури можна била појава на поситни одрони.
Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
„Дежурните екипи на ЈП ‘Македонија пат’ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502“, појаснуваат од претпријатието.






