Оттаму информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз.
Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Се апелират на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од „Македонија пат“ Посочуваат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.






